Свет

Серија земјотреси во Сицилија

Серија земјотреси во Сицилија

Италијанскиот остров Сицилија денес беше потресен од серија земјотреси што го вознемирија локалното население, објави АНСА.

Најсилниот од нив беше земјотрес со магнитуда од 5 степени со епицентар во јужното Тиренско Море, северозападно од Еолските Острови. Тој го погоди подрачјето напладне по локално време.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Во Палермо, училиштата и универзитетите беа затворени како мерка на претпазливост.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни