Северина официјално се разведе – еве што вели за бившиот сопруг

Хрватската пејачка Северина и Игор Којиќ официјално се разведоа, а по тој повод за прв пат се огласи и пејачката.

„Игор е прекрасен партнер, поддршка, беше со мене во најтешкиот период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на овој свет. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за „млатење“. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување на глупости и непроверени трачеви“, истакна Северина.

Таа порача дека нејзиниот живот „не може да го уништите, но за вашиот се уште имате шанса да го поправите“