Северина денеска напладне на Јутјуб ја објави својата нова песна и спот. Работата се вика „Ми недостигаш“ и ја изведува во дует со Азис, популарен бугарски фолк пејач.
„Кога Филип ми го предложи Азис, знаев дека тоа ќе биде мал чекор за него, но голем за оваа песна, што го докажа со неговата изведба, која е маестрална. Знам дека долго чекавте за нова песна и Ми недостигаш… Се надевам и јас на тебе“, напиша Северина на Инстаграм.
Северина и Азис никогаш не се запознале, а поради пандемијата го снимиле спотот поединечно со разлика од еден месец, велат од ПР тимот на Северина.
