Поврзи се

4NEWS.mk

Северна Кореја тврди дека нема ниту еден случај на Ковид-19

Published

on

Северна Кореја нема ниту еден случај на заразен со коронавирус, соопшти денеска високо позициониран претставник на здравствените власти во земјата, пренесоа француските медиуми.

-Текстот продолжува по рекламата-

Веста се објави во момент кога повеќе земји изразија сомнеж дека во Северна Кореја нема зараза.

Сиромашната и дипломатски изолирана земја се граничи со Кина и Јужна Кореја, кои беа силно зафатени од вирусот, а своите граници ги затвори уште кон крајот на јануари, кога воведе драстични мерки за изолација.

Директорот во антиепидемиолошкиот оддел на Националниот центар за борба со епидемии, Пак Мон-су, денеска потенцираше дека напорите што ги вложија властите помогнале земјата да постигне подобар успех во борбата против глобалната закана и на нејзина територија да нема ниту еден заразен.

-Досега ниту едно лице во земјата не е заразено со коронавирусот, истакна тој.

„Ние презедовме превантивни и научни мерки, како инспекции и ставање под карантин на сите лица кои влегоа во нашата земја, извршивме целосна дезинфенкција на сите производи, како и затворање на границите и прекин на поморските и воздушните врски“, потсети тој.

Само неколку земји во светот, најчесто изолирани острови или држави опустошени од војни, досега не пријавија за ниту еден случај на зараза со Ковид-19, забелеуваат француските медиуми.

Според експертите, Северна Кореја е особено ранлива на вирусот заради својот здравствен систем, за кој се знае дека има доста проблеми. Тие го обвинија Пјонгјанг дека крие дека во земјата има епидемија.

Минатиот месец командантот на американските сили во Јужна Кореја, Роберт Ејбрамс, изјави дека е речиси сигурен дека во Северна Кореја има случаи на зараза со Ковид-19. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, изјави дека „нешто се случува во Северна Кореја” и во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му понуди помош за земјата.

Северна Кореја, која е цел на повеќе санкции на Советот за безбедност на ОН заради својата забранета нуклеарна и балистичка програма, побара помош во борбата со вирусот.

ОН му одобрија на УНИЦЕФ и на организациите, како „Лекари без граници”, да испратат во Северна Кореја комплети за дијагностицирање, маски, заштитна облека и дезинфективни средства.

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Кривична за кафеаната во која вечерал лидерот на опозицијата

Македонија

„Треба да се прават многуповеќе тестови, серолошки PCR, брзи… да се детектираат сите кластери – потреба ни е вистинска победа на вирусот, а не политичка“, бара Мицкоски

4NEWS.mk

Боки 13 нуди 146 илјади евра за да излезе од затвор

Македонија

Мицкоски: Утре сакам да се постигне датум за избори и оваа тригодишна пандемија на Заев да заврши, но кога имаме троцифрена бројка на новозаразени тоа е невозможно

4NEWS.mk

Големиот број на болни ја одложи дебатата за избори

Македонија

„Чувството на граѓаните е дека политичарите не успеваат да го исполнат она што го ветуваат“, рече Мицкоски

4NEWS.mk

Гужви на пазарите, колони пред маркетите

Македонија

„Мојот мотив е да им кажам на граѓаните дека може поинаку, затоа не ветувам многу, ако погрешам од незнаење ќе се извинам“, рече Мицкоски

4NEWS.mk

Граѓаните револтирани за забраната – владиците на МПЦ обвинуваат за поделби помеѓу верските заедници

Македонија

Мицкоски: Правилото победник со победник повеќе не важи!

4NEWS.mk

Предупредување од докторите: По Ковид-19 доаѓа полошо нешто

Македонија

ВИДЕО: Моментот кога авионите кои го прелетуваа Скопје беа пресретнати од руски “Сухои” над Црното море

4NEWS.mk

Надвор од сончевиот систем е откриена планета слична на нашата

4NEWS.mk

Зибери: На погребот на покојник со КОВИД-19, имало 200 луѓе – семејството не сака да се тестира

4NEWS.mk

Филипче: Можни се поригорозни мерки за задушница

Македонија

Филипче: Или ќе продолжиме да го враќаме животот во нормала, или ќе се враќаме назад кон рестриктивните мерки

Македонија

Јанева: Лежам во притвор поради Камчев, тоа е валкан играч кој мисли дека може секого да купи со пари, ама мене не

4NEWS.mk

Уапсени 7 полицајци во кратовско, правеле журка сред пандемија

4NEWS.mk

Шекеринска: Дејствијата од 2001 се далеку зад нас, најважно е дали политичарите им служат на граѓаните

4NEWS.mk

Членовите на КЗБ: Најверојатно ќе дојде време за враќање на рестриктивните мерки

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија

4NEWS.mk

Хаварија во ОХИС, неподнослива миризба се шири во околината

Македонија

Сам и со церебрална парализа, во темница, студена соба, со долг од над 200 илјади денари

Реклама