Македонија

„Северна Македонија може да оди на предвремени избори следната пролет“

Поранешниот амбасадор на Албанија во Скопје, Арбен Чејку, оценува дека доколку до декември нема позитивен развој на прашањето за евроинтеграциите, не е исклучено напролет да има предвремени парламентарни избори во Северна Македонија.

„Доколку до декември се случи Заев да не добие добри вести за прашањето за евроинтеграциите, постои можност Северна Македонија да оди на предвремени избори следната пролет. Просторот што го остави Европската Унија го направи, за прв пат во историјата, левичарското движење во северна Македонија одлучувачко на изборите и доведе до слабеење на СДСМ. Левицата, партијата која ја има реториката на идеите на Маркс и Ленин, заедно со ВМРО-ДПМНЕ го предизвикаа земјотресот во СДСМ“, рече Чејку гостувајќи во емисијата „Реална приказна“ во Њуз 24.

Чејку рече и дека ВМРО е „отворена закана за Владата на Заев“.

„ВМРО и покрај проблемите што ги имаше за време на своето владеење е важен фактор. Како политичка сила, ВМРО е отворена закана за Владата на Заев. ВМРО е членка на ЕПП, има биографија на власт и покрај тоа што не сака да го потпише договорот со Грција. Не верувам дека Груевски ќе се врати, туку дека ВМРО е таму и подготвено да ја преземе власта“, рече Чејку.

Според него, во кампањата за локалните избори немало националистичка реторика и имало локални дебати, што е за поздравување.

„За среќа на Заев, тој јавно поднесе оставка поради немање комуникација со ДУИ. Од друга страна имаме конфузија во меѓународниот фактор. Видов реакција од американскиот Стејт департмент, кој не кажа ништо јасно“, рече Чејку.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни