Денеска е последната шанса Северна Македонија да добие датум за почеток на преговори со Европската Унија во октомври. Шансите за такво нешто се минимални. Ова го потврди и германската канцеларка Ангела Меркел, притоа истакнувајќи дека Северна Македонија заслужи да добие датум за преговори.
Франција засега се противи за проширување на Унијата со Северна Македонија и со Албанија, кои очекуваат датум.
Претседателот Емануел Макрон истакна дека сега не е време за датум за почеток на преговорите.
Некои извори велат дека одлуката за датумот за почеток на преговорите ќе се одложи за идната година некаде кон април.
Од македонскиот државен врв во изминатите неколку дена истакнаа оптимизам околу добивањето датум. Сега останува лидерите на земјите од ЕУ на самитот во Луксембург да донесат конечна одлука. Информациите се дека во моментов нема политичка „клима“ за такво нешто.