AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Шахпаска: Вакцинирани околу 65 проценти од вработените во градинките

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека градинките се подготвени да продолжат со работа по протоколите за заштита од Ковид-19. Се прави дефинфекција на објектите на градинките и се обезбедуваат сите дефинфекциски срества кои ќе бидат потребни. Министерката апелира уште повеќе да се зголеми опфатот на вакцинирани вработени во градинките, кој сега изнесува околу 65 проценти.

Бројот на вакцинирани вработени во градинките, тука вклучувам негуватели, воспитувачи, помошен технички персонал, вработени во кујната е над 65 проценти согласно последните бројки коишто ги добивме оваа недела. Меѓутоа, за да истакнеме за важноста за вакцинација, за безбедноста на вакцинацијата кај дел од вработените коишто имаа лични дилеми организиравме состанок со претседателот и два доктори од Комисијата за заразни болести минатиот петок 300 вработени во градинките директно ги адресираа своите дилеми пред докторите од Комисијата за заразни болести, рече Шахпаска.

Таа потсети и дека градинките уште од минатата година се подготвени да работат во овие вонредни услови коишто ги наметна пандемијата со Ковид -19.