Македонија

Шаќир Фетаху е избран за нов лидер на ИВЗ

Досегашниот вршител на должноста Реис Шаќир Фетаху е избран за нов лидер на Исламската верска заедница во Македонија.

Фетаху доби поддршка од 18 муфтии и раководители на исламскит верски заедници на денешната седница на Ријасетот, додека неговиот противкандидат Ќани Несими доби три гласа.

Фетаху доаѓа на местото на Сулејман Реџепи кој во мај оваа година поднесе оставка. Најпрво Фетаху беше поставен за В.Д. Реис, а шест месеци потоа и официјално станува прв човек на ИВЗ.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни