Шанен Доерти за ракот на дојката: Сакам да работам и да се борам да останам жива

Актерката Шанен Доерти не планира да се откаже од борбата против четвртиот стадиум на рак на дојка.

„Никогаш не сакам да се однесувам или да работам како да умирам“, рече 50-годишната актерка позната по улогата во серијата Беверли Хилс и Волшебнички како гостинка во емисијата „Добро утро Америка“.

„Само сакам да работам затоа што ќе продолжам да се борам за да останам жива“, додаде таа, објаснувајќи дека не и се допаѓа идејата да состави последен список со желби.

Доерти во февруари 2020 година откри дека болеста е во четврта фаза – три години откако рече дека нејзината прва борба со ракот влегла во ремисија.

Актерката рече дека е зафатена со „животот“ овие денови и дека „поминува многу време со пријателите и семејството“, како и продолжува да работи.

„Многу луѓе на кои им е дијагностицирана фаза 4 се отпишани на некој начин. Се претпоставува дека не можат да работат или не можат да работат со полн капацитет, и тоа не е точно“, вели Доерти.