Најпродаваниот телефон во Европа, за прв пат досега, е Шаоми.
Кинескиот гигант „Шаоми” продолжува со растот и во производството и во продажбата.
Шаоми неодамна го престигна и Епл и стана втор најпродаван телефон во светот, а сега, првпат, е најпродаван во Европа.
„Стратеџи аналитикс” објавува дека во вториот квартал Ксиаоми го престигнал Самсунг, а продадени се вкупно 12,7 милиони мобилни телефони во Европа во вториот квартал, што претставува скок од 67,1 отсто.
Самсунг забележа пад за седум проценти и продаде околу 12 милиони апарати, па Шаоми сега се наоѓа и пред него.
Исто така, и Епл постигна раст од 12,7 отсто, најмногу благодарејќи на моделот „Ајфон 12″.
Инаку, телефонот Шаоми најмногу се продава во Русија, Украина, Шпанија и Италија.
