Шеф подели повеќе од 900 откази преку zoom – работниците ги нарече „глупави делфини“

Извршниот директор на хипотекарната компанија Better.com, Вишал Гарг, објави дека компанијата отпушта околу девет отсто од своите работници, односно повеќе од 900 луѓе.

Освен што има голем број работници кои останале без работа непосредно пред празниците, целата оваа ситуација е особено интересна и поради начинот на кој овој директор ги подели отказите.

Имено, Гарг на вебинар преку апликацијата zoom ги известил своите работници за отказот.

„Ако сте на овој повик, вие сте дел од несреќна група која беше отпуштена“, рече Гарг, пренесува CNN Business. Тој, исто така, им кажа на работниците дека нивниот „работен однос завршува тука“ и додаде дека може да очекуваат е-пошта со бенефиции и отпремнини.

Вработени обвинети дека краделе и работеле само 2 часа дневно

„Потребата за отпуштања е страшна, особено во овој период од годината“, изјави финансискиот директор Кевин Рајан за американските медиуми, додавајќи дека „билансот на состојба и намалената и насочена работна сила ги принудија да го нападнат радикално растечкиот пазар за сопствеништво на домови“.

Гарг ги наведе ефикасноста, перформансите и продуктивноста како причини за отпуштање работници. Fortune подоцна објави дека Гарг ги обвинил вработените дека „крадат“ од нивните колеги и клиенти бидејќи се непродуктивни и работат само два часа на ден.

„Ова е втор пат во мојата кариера да го правам ова и не сакам веќе да го правам тоа. Последен пат кога го направив тоа, плачев“, изјави Гарг.

Гарг и претходно бил вклучен во контроверзии, за што сведочи е-поштата што ја испратил до персоналот, до кој стигнал Форбс, во кој тој наведува дека тие се „проклето бавни“ и ги нарекува „глупави делфини“.