Свет

Шефот на НАТО: Оваа војна ќе заврши на преговарачка маса

Шефот на НАТО: Оваа војна ќе заврши на преговарачка маса

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, изјави вечерва дека војната на Русија со Украина најверојатно ќе заврши на преговарачка маса.

Во изјава за Би-Би-Си, тој додаде дека Украина треба да одлучи кога е време да започне овој процес.

„Мораме да запомниме дека ова е војна на агресија, во која Русија нападна друга земја“, рече тој. „Сите сакаме мир и договорено решение“, додава тој.

„Ако претседателот Зеленски и Украина престанат да се борат, Украина ќе престане да постои како независна суверена нација“, додаде тој.

„Во одредена фаза, оваа војна најверојатно ќе заврши на преговарачката маса, но знаеме дека исходот од тие преговори е тесно поврзан со силата на бојното поле“, додава тој. Тој додаде дека „останува на Украина да одлучи“ кога ќе започне.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни