Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска ќе престојуваат во битолскиот регион.
За време на посетата ќе го посетат рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) Битола каде ќе имаат средба со директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски.
Во рамки на посетата на Битолско, Шекеринска и Димковски ќе имаат средби во село Грешница, а ќе се сретнат и со земјоделец корисник на ИПАРД програмата
Средби со граѓани ќе одржат и во центарот на Битола.
