Шест месеци за спроведување на Законот за јазици, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите на бојкот

Освен македонскиот, со законот за употреба на јазиците, сите институции на централно и локално ниво во Македонија, сега се обврзани да го употребуваат албанскиот јазик како службен кого го зборуваат над 20% од граѓаните на Македонија. Сите институции треба да формираат услови за употреба на албанскиот јазик во секојдневната комуникација, вели владиниот портпарол Муамет Хоџа. Но, колку нашите институции во моментов имаат капацитет за реализирање на такво нешто?

„Секоја институција треба да направи анализа на капацитетите со кои располага, и зависно од анализите треба да се преземат и чекори за подобрување на капацитетите, човечките ресурси, со цел спроведување во целост во пракса на овој закон. Како што знаете со посебен член во законот е предвидено формирање на инспекторат кој ќе го следи и мониторира спроведувањето во пракса на законот за употреба на јазиците од страна на сите институции“, изјави Мухамед Хоџа, портпарол на Владата на РМ.

Од Владата велат дека не знаат колку ќе чини спроведувањето на законот. Институциите треба во рок од 6 месеци да започнат со имплементација и да ги реализираат измените. Меѓутоа, пред два дена вицепремиерот Бујар Османи за ТВ21 рече дека може да се очекува законот за јазиците да започне да се спроведува по изгласувањето на Преспанскиот договор во Грчкото собрание, и таблите како и официјалните документи да бидат на двата јазика и новото име на државата.

За спроведување на законот, член 18 предвидува формирање на Агенција за спроведување на јазикот кој го говорат над 20% од граѓаните, а за мониторинг се предвидува формирање на Инспекторат за употреба на јазиците. Но, опозициската ВМРО-ДПМНЕ законот го смета за против – уставен и ги охрабрува институциите да го бојкотираат спроведувањето на истиот, за што нудат дури и правна помош.

Од ВМРО-ДПМНЕ предвидуваат дека законот ќе ја блокира работата на институциите со преводи и двојни архиви, но од Владата потсетуваат дека законот предвидува и казни за не- спроведување.

„Законот важи за сите, во случајов и за сите институции. Тие институции кои нема да практикуваат употреба на јазиците согласно законот кој стапи на сила, се предвидуваат и казни со посебен член од конкретниот закон“, додаде Хоџа.

Член 22 од Законот за употреба на јазиците предвидува казни од 4 до 5 илјади евра во денарска против вредност за институциите кои нема да го почитуваат законот. Според овој член, 30% од казната е предвидена за одговорното лице во институцијата.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21