Ексградоначалникот Петре Шилегов најави дека утре ќе даде коментар за одлуката на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), поради почит кон денешниот ден и сеќавањето на трагедијата во Кочани.
Вечерва, во живо од Кочани на 4ТВ, Шилегов се обрати во својство на бранител на еден од обвинетите во судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Тој нагласи дека одлуката на Извршниот одбор на СДСМ да иницира негово исклучување од членството на партијата ќе ја коментира во текот на утрешниот ден.
Говорот на Шилегов доаѓа по одлуката на партијата, која предизвика реакции во јавноста, а самиот ексградоначалник се воздржа од детали, појаснувајќи дека причината за одложување на коментарот е почит кон жртвите на трагедијата.
