Македонија

Шилегов: Се извинувам што Дурловски го нареков „оперска певачица“ – отсега само „фашиста“ ќе го викам (ВИДЕО)

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се извини поради тоа што поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го нарекувал „оперска певачица“, но рече дека отсега ќе го нарекува „фашиста“.

Причината за тоа е што тој беше еден од предводниците на протестите на Иницијативата „За заедничка Македонија“.

Дел од неговата изјава за Телма е објавена и на Твитер.

-Заслужил да биде опишан како фашиста. Дурловски е фашиста. Дурловски предводеше група на луѓе да убијат пратеници. Се извинувам за Дурловски што сум го нарекол „оперска певачица“, отсега само „фашиста“ ќе го викам, рече Шилегов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни