Шилегов: Според Комисијата формирана од Владата, Триумфалната порта е дивоградба

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 разговараше и за последната одлука според која Владата побара од општина Центар да ја избрише маркицата за Порта Македонија.

„Стручната комисија која ја формираше Владата во 2017 година кажува дека станува збор за дивоградба, а дивоградби се знае како се третираат“, посочи Шилегов.

Тој вели дека Триумфална може да има сосема поинаква намена и изглед.

„Тоа што го викаме ние Триумфална може да има сосема поинаква намена, дефинитивно поинаков изглед, а дали физички ќе остане на тој простор или не – е условно кажано второстепено“, додава Шилегов.

.

Извор: ТВ21