Шише од најскапото виски на светот вчера беше продадено за повеќе од два милиони фунти на аукција во Лондон, соборувајќи го претходниот рекорд од 2019 година, пренесе АФП, повикувајќи се на аукциската куќа Сотби.
Шише Macallan од 750 ml од 1926 година било купено за 2.187.500 фунти (2,5 милиони евра). Шкотското виски, дестилирано во 1926 година, било флаширано 60 години подоцна, откако стареело во дабови буриња и добило темна боја. Етикетата на шишето, една од вкупно 12, е на италијанскиот уметник Валерио Адами.
Лоцот беше проценет од Сотби на помеѓу 750.000 и 1,2 милиони фунти. Тоа е едно од само 40 шишиња од овој тип произведени од шкотската дестилерија. Шише од 700 ml од истото виски било продадено за речиси 1,5 милиони фунти во 2019 година. Тоа е истата течност, но со различна етикета, рече Џони Фојл, шеф на вискито во Sotheby’s, кога парот беше претставен минатиот месец.