Шкотска има нов изум, а тоа е гориво базирано на виски.
Иако при прва помисла вискито е пијалок кој не би требало да се поврзува со возењето, сепак оваа компанија го користи на паметен и еколошко корисен начин.
Имено, се работи за производителот на виски „Гленфидич“ од североисточна Шкотска, кој користи отпадни производи од процесот на дестилација на виски како гориво за своите камиони.
Фирмата годишно продава над 14 милиони шишиња виски, а новиот изум има за цел да ги намали емисиите на јаглерод.
Тие започнале и да ги модифицираат камионите за испорака за да може да користат гасовити биогорива направени од остатоците во своите дестилерии. Употребата на ова гориво создава ниски емисии на штетни материи. Компанијата веќе изградила и станици за полнење во Дафтаун, кои се специјално дизајнирани да ги претворат отпадните производи од правењето виски во УЛФЦ (ултра-ниско карбонско гориво).
Дестилеријата тврди дека биогасот ги намалува емисиите на ЦО2 во камионите за повеќе од 95 отсто, а другите штетни честички и стакленичките гасови – за 99 насто.
„Гленфидич“ порано го продаваше отпадот од виски и како земјоделско ѓубриво, а денес тие поседуваат три модифицирани камиони за испорака кои користат биогориво и транспортираат виски од дестилеријата до фабриката за пакување.
Овој метод ќе се користи и во други компании, додека пак шкотската индустрија за виски има намера да биде јаглерод-неутрална до 2040 година.