Шок: Српскиот фудбалер со емотивна порака се прости од репрезентацијата – Пикси не го покани на ЕП

Филип Ѓуричиќ, српскиот фудбалер кој има 32 години се прости од репрезентацијата на Србија, за која повеќе нема да настапува.

Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на Србија годинава не го стави Ѓуричиќ на списокот за ЕП, па фудбалерот набрзо потоа се огласи на социјалните мрежи.

Се вчитува...

„Вака… Моето патување започна уште во 2002 година… Ја бранев честа на мојата земја низ сите помлади категории и со капитенската лента на раката ги водев моите соиграчи на сите големи натпреварувања. Го чекав тој ден за да играм во друштво на најдобрите српски фудбалери. Се сеќавам на моето деби како вчера, а поминаа повеќе од 12 години. Поминав многу со соиграчите и пријателите од репрезентацијата. И добри и помалку добри. Во српската репрезентација доживеав чувство кое не се споредува со ништо друго – чувство на гордост додека го носев светиот грб на дресот и ја бранев честа на Србија и нејзиниот народ.

Светското првенство во Катар е круна на мојата кариера, а јас сум бескрајно горд што бев дел од генерацијата која по 24 години ја однесе нашата Србија на ЕП. Тешко ми е, но свесен сум дека мора да биде. Време е да се збогуваме со српската репрезентација, да се збогуваме, но само на теренот.

Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи кои барем за момент беа дел од српската репрезентација. Беше чест да ја споделам соблекувалната и теренот со вас. Во добро или во лошо! Им благодарам на сите селектори, но и на сите луѓе во и околу Фудбалскиот сојуз на Србија, оние кои се главно надвор од центарот на вниманието, но без кои не би можел ниту еден успех. Ви благодариме, српски народ, благодарам на навивачите што бевте со нас. Дадов се што можев на фудбалскиот терен. Понекогаш можеше да биде подобро, но знајте дека секогаш давав се од себе. Нека ви е со среќа, а јас ќе останам да ве бодрам, да навивам гласно и да се радувам на вашите нови победи. Србија!“, напиша Ѓуричиќ на Инстаграм заедно со неколку слики и вредни спомени.

Филип Ѓуричиќ за српската репрезентација одигра 44 натпревари и постигна пет гола. Во моментов е член на Панатинаикос, а ги има носено и дресовите на Раднички од Обреновац, Херенвен, Бенфика, Мајнц, Саутемптон, Андерлехт, Сампдорија, Беневенто и Сасуоло.