Македонија

ШОК вечерва во Скопје: На вработена украден прометот, сопственикот дошол по 10 минути, па починал…

Телевизија 21 доцна вечерва објавува шоканти информации за мистериозна смрт на еден сопственик на аптека во Чаир.

Имено, според пишувањата на телевизијата, вечерва во 20.40 часот во МВР било пријавено дека на ул.Џон Кенеди едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет.

„Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот А. С. (40), на кого, според пријавеното, му се слошило. За кратко време дошла Итна помош и со нивно возило е однесен комплекс Мајка Тереза –Кардиологија , каде од страна на лекар е констатирана смрт“, изјавите од МВР за ТВ21.

Во текот на утрешниот ден се очекуваат повеќе информации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни