Свет

Шокантни сцени за време на бдеењето за кралицата Елизабета: Маж се проби низ толпата и го грабна ковчегот! (ВИДЕО)

Шокантни сцени за време на бдеењето за кралицата Елизабета: Маж се проби низ толпата и го грабна ковчегот! (ВИДЕО)

Бдението за кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската сала, за жал, не помина без инциденти.

Имено, непознат маж ги вознемирил сите насобрани граѓани и ожалостени туристи кога стигнал до ковчегот на кралицата преку линијата и се обидел да го грабне, пишува Дејли Мејл.

Тој успеал да го фати официјалното знаме на кралицата на ковчегот, а на видеата пред и по инцидентот се гледа како чуварите го извадиле знамето од ковчегот.

Сведокот рече: „Го видовме на ред од почеток и цел ден беше сам. Кога влеговме во собата, бевме на врвот од скалите кога го видовме инцидентот. Една жена врескаше кога тоа се случи, што беше доста вознемирувачко“.

Друг сведок, Трејси Холанд, чија седумгодишна внука Дарси, била турната настрана од мажот додека брзал кон ковчегот, го опиша инцидентот синоќа.

Таа рече: „Некој одлучи дека ќе ја турне мојата седумгодишна внука од патот, ќе трча до ковчегот, ќе го подигне знамето и ќе се обиде да направи, не знам што. Полицијата го фати за две секунди“.

Холанд додаде: „Беше страшно, апсолутно страшно, толку непочитувано и неверојатно – и ова кутро мало седумгодишно дете, ова е нејзиниот траен спомен за кралицата“.

Полицијата веднаш го привела мажот, а против него ќе биде поднесена тужба.

Да потсетиме, ковчегот на кралицата веќе неколку дена е во Вестминстерската сала, каде во понеделник ќе има погреб.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни