Македонија

„Шпанија брзо ќе го ратификува Протоколот за НАТО“, рече Заев

Уште Шпанија и Франција останаа земји кои треба да го ратификуваат протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Премиерот Заев синоќа на трибина во Велес, рече дека Шпанија во скоро време ќе го ратификува Протоколот.

„Зборував со Премиерот на Шпанија. Ми рече дека брзо ќе го ратификуваат Протоколот“, рече Заев.

Со тоа потоа ќе остане уште Франција, која според најавите, кон крајот на овој или почетокот на идниот месец ќе го ратификува Протоколот. Полноправното членство на Северна Македонија во НАТО ќе треба да се случи некаде кон февруари идната година.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни