Свет

Шпанија ги зголемува минималните плати за 22%

После Франција каде што властите потклекнаа на протестите низ земјата, во Шпанија и без протести се решија за покачување на минималните плати за 22%, односно на 900 евра месечно. Оваа мерка ја најави премиерот Педро Санчез.

Владата одлуката за покачување на минималната плата ќе ја усвои на 21. декември на вонредна седница во Барселона, една недела порано од планираното, и со тоа сака да сигнализира дека сака да ги подобри условите за живот во секој дел од земјата, појасни премиерот Санчез.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни