Шпанија ќе исплати оштета од 20 милиони евра на жртвите од железничката несреќа во која загинаа 45 лица, додека повеќе од 150 се повредени, изјави денеска министерот за транспорт, Оскар Пуенте.
Несреќата се случи на 18 јануари, во близина на Кордоба, и се работи за најтешката железничка несреќа во Шпанија од 2013 година.
Се вчитува...
Семејствата на загинатите ќе добијат по 216.000 евра во рок од три месеци, преку ослободување од данок и исплата на осигурување.
Повредените ќе добијат исплата од 2.400 до 84.000 евра, јавува Ројтерс.
„Жртвите не смеат да чекаат со години помош“, изјави Пуенте.
