Шри Ланка забрани јавање на слонови во алкохолизирана состојба

Заробените слонови во Шри Ланка ќе ги добијат своите биометриски лични карти, а на нивните јавачи им се забранува да консумираат алкохол на работа, стои во новиот закон за заштита на животните во оваа земја.

Многу богати жители на Шри Ланка – вклучително и будистички монаси – поседуваат слонови како домашни миленици за да го покажат својот престиж, но има и чести извештаи за малтретирање на овие животни.

Целта на новите мерки е да се заштити нивната благосостојба. Воведени се строги прописи за работа со слонови, како и обврска секојдневно да се капат два и пол часа.

Официјалните бројки покажуваат дека има околу 200 слонови во заробеништво во Шри Ланка, додека околу 7,5 илјади се на слобода.

Новиот закон предвидува сите сопственици на слонови да имаат лични карти со отпечаток на нивната ДНК.

Забрането е работа на слонови и нивно одвојување од мајките. На слоновите вработени во дрвната индустрија повеќе не им е дозволено да работат подолго од четири часа, а исто така е забранета ноќната работа.

Слоновите повеќе не смеат да се користат во филмови, освен во владини продукции и тоа под строг ветеринарен надзор. Во туризмот, јавањето слон за повеќе од четири лица е забрането, а оние што го возат веќе не смеат да пијат алкохол.

„Лицето кое поседува или се грижи за слоновите мора да се погрижи јавачот да не консумира алкохол или дрога“, рече министерката за животна средина Вималавеера Дисанајака.

Сопствениците мора да ги испраќаат слоновите на инспекција на секои шест месеци, а оние што ќе го прекршат новиот закон може да бидат оземени слоновите и да добијат казна затвор до три години.

Фаќањето диви слонови во Шри Ланка е казниво со смрт, но обвиненијата се ретки.