Што е договорено за наплатата на паркинг кај клинички? Зошто е прекинат протестот на здравствените работници?

Ќе ги добијат ли парите здравствените работници од симболичното како што велат од Синдикатот на Клинички центар  покачувањето на платите  или во иднина ќе се слеваат во касата на Градски Паркинзи? Тие го прекинаа четиридневниот  протест во Клинички центар. Еве што се договориле со властите.

-Добивме одговор од министерот за здравство дека се преговара во правниот дел како да се пренесе во надлежност на јавните здравствени установи на Клинички центар. Фактички ние нашите работодавачи да се власници на овој паркинг простор. И во делот на менаџирањето и во делот на органзирањето на  инфраструктирата на овој паркинг. Тогаш не можеме да кажеме дека некој друг ни е крив зашто нема катна гаража , зашто нема адекватен излез тогаш вината ќе биде кај нас – вели Горан Беговиќ, претседателот на Синдикатот на клинички центар.

Се вчитува...

Здравствените работници од Клинички цента една плата годишно  ќе треба да  даваат за паркинг, со оглед на тоа дека дел од нив земаат минимална плата, според пресметките на Синдикатот на Клинички центар.

-За оние вработени од најранливата категорија, тоа би било приближно една негова плата во годината, да ја дава за паркинг простор – додава Беговиќ.

На лекарите пак, не им е понижувачки да патуваат со автобус до работа, но брзината на дејствување која се бара од нив и работата на повик 24 часа во денот , ќе биде на штета на пацинтите кои не можат да чекаат во одредени ситуации. Според Беговиќ, покачувањето на паркингот е само покренување на лавината од незадоволство кај здравствените работници.

Репортер: Александра Велинова

Извор: ТВ21