Македонија

Што е со обвинетите хрватски државјани? – „Оперативните сознанија покажуваат дека ја напуштиле Македонија“

Што е со обвинетите хрватски државјани? – „Оперативните сознанија покажуваат дека ја напуштиле Македонија“

На новинарско прашање за тоа што се случува со двајцата хрватски државјани, за кои заедно со генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири денеска беше издадена наредба за истражна постапка, обвинителката Катерина Коларевиќ истакна дека според оперативните сознанија преку МВР покажуваат дека тие ја напуштиле државата.

„Судот има доставено до нив наредба за приведување, дури откако ќе добие официјален податок по наредбите тогаш со сигурност ќе кажеме, односно ќе има доказ дали се тука или не“, вели Коларевиќ.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни