Од продажба на провокативни и интимни фотографии, српските старлети успеаа да заработат многу пари на платформата „OnlyFans“, но тоа наскоро ќе се промени, бидејќи основачите воведоа одредени промени – што значително ќе влијаат на содржината на материјалот што се дистрибуира до јавноста, но исто така и нивниот приход.
OnlyFans за кратко време стана популарна платформа и има милиони корисници. Работи така што им дозволува на авторите да објавуваат провокативни и интимни фотографии, снимки и текстуални пораки за кои треба да се плати. Содржините за кои корисниците плаќаат најмногу се секако интимни и голи слики и снимки, но сега основачите на OnlyFans објавија дека од октомври 2021 година, на корисниците ќе им биде забрането да објавуваат експлицитна содржина.
Креаторите се уште ќе можат да објавуваат голи фотографии и снимки, но според нови упатства за содржини кои се уште не се објавени.
Инаку, некои од најпознатите српски старлети како Анѓела Вештица, Станија Добројевиќ, Ава Карабатиќ, Сенада Нуркиќ попозната како Маца Дискреција, Јелена Круниќ и многу други се пофалија дека се финансираат преку платформата OnlyFans, се разбира со поставување на нивните разголени фотографии. Тие успеале и од својата заработка да купат луксузни недвижности.
Новите правила на платформата, со чија помош заработија огромни пари, се чини дека ќе имаат сериозно влијание врз нивните приходи од октомври.
„Не би сакала да зборувам за конкуренцијата, но убедливо имам најмногу следбеници. Јас скоро купив стан вреден 300.000 евра, така што живеам од тоа, немам друга работа “, изјави неодамна Анѓела Вестица.
Според најновите податоци, платформата има 60 милиони корисници и 750.000 автори од целиот свет, меѓу кои има многу јавни личности. Иако некои од авторите се сексуални работници, многу други се модели, танчери, пејачи, музичари и комичари кои продаваат интимни содржини.
