Иако босите стапала за многумина се поим за опуштање, нашите мајки и баби се во право кога не следат и ни велат да носиме папучи. Иако босите полесно можат да настинат или да имаат воспаленија, има уште некои работи кои не се препорачуваат за одење.
Моментот кога ќе се вратите дома по напорниот ден, ќе ги соблечете чевлите, чорапите и конечно ќе ги ослободите стапалата е едно од најубавите чувства. Но дека е добро за здравјето, не е.
„Стапалата не се предодредени постојано да одат боси“, објасни д-р Вилијам Спилфогел, шеф на гранката на медицината која ги проучува стапалата.
Многумина уживаат да го поминуваат времето боси, особено во текот на летото, а сега и пандемијата кога е зголемен бројот на луѓе кои работат од дома. Често не ни треба облека или чевли, што доведе до зголемен број на проблеми со стапалата.
“Да се живее во пандемија значи да се прави се од дома. Вежбањето дома и дебелеењето предизвикаа голем број проблеми со стапалата на кои пациентите сè почесто се жалат”, вели д-р Жаклин Сутера.
Докторката додаде дека е многу важно да не бидеме боси, туку да внимаваме какви чевли носиме при одредени активности.
„Пред да започнете одредена активност, треба да бидете сигурни дека ги имате соодветните обувки за тоа“, рече докторот.
Не треба да се грижите ако ги миете забите боси, се облекувате или пиете кафе, но проблемот е ако поголемиот дел од денот го поминувате без чевли.
Покрај болка и непријатност, може да се појават и одредени болести.
Трнење во петицата (планетарен фасциитис)
Оваа болка на повеќето им е позната, а зачестена. Се јавува кога ткивото што ги поврзува петицата и зглобот е оштетено.
Иако најчесто се јавува од непознати причини, причина може да бидат и нови и зголемени активности. Носењето соодветни обувки и избегнувањето боси стапала може да го реши проблемот.
Мортонов невром
Одењето бос може да ја влоши оваа состојба, препознатлива по болка и вкочанетост во глуждот или прстите.
Ризикот од него се зголемува со носење високи потпетици или тесни чевли. Може да се појави и ако имате рамни стапала или се занимавате со спортови кои дополнително ги оптоваруваат. Се препорачува луѓето со Мортонов нерум да носат чевли со квалитетна потпора за лакот на стапалото и мека перница на петицата.
Тендинитис
Тетивите кои се наоѓаат во стапалото, а ги поврзуваат мускулите и коските, може да се воспалат, а најчеста причина за тоа се босите стапала.
Спуштени стапала
Луѓето кои го имаат овој проблем може да го влошат со одење боси. Носењето соодветни обувки ќе ги заштити вашите стапала и ќе ја ублажи непријатната болка.
Ако чувствувате болка во стапалата, не избегнувајте да одите на лекар.
„Ако навреме ја забележите болката, таа може многу лесно да се реши. Проблемот е ако го одложите заминувањето“, вели д-р Шпилфогел.
Ако сакате да одите боси, тоа треба да го правите умерено, во спротивно се препорачува да одите во влечки.
