Свет

Што после ова?! Кремљ ја објави најстрашната вест досега! Америка веќе одлучи…

Што после ова?! Кремљ ја објави најстрашната вест досега! Америка веќе одлучи…

Одлуката за напад на Русија со ракети Атакамс со долг дострел е веќе донесена, а сега ова прашање се официјализира преку медиумска кампања, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Одлуката најверојатно е веќе донесена, тоа може да се претпостави со голема веројатност. А сега само медиумите водат кампања со цел да ја официјализираат веќе донесената одлука. И во исто време, продолжуваат обидите на САД и европските земји да се оградат од вмешаност во украинскиот конфликт. Мислиме дека тоа не функционира – изјави Песков пред новинарите.

Како што нагласи, вклучувањето на тие земји во украинскиот конфликт е директно и секој нов чекор го прави уште поголем, иако тешко дека може да биде поголем, се е очигледно.

Портпаролот на Кремљ рече дека одговорот на Русија на нападите внатре во нејзината територија ќе биде соодветен.

– Одговорот ќе биде соодветен – рече тој и додаде дека специјалната операција во Украина е одговор на потенцијалните удари длабоко на руската територија со западно оружје.

Не треба да очекуваме секаде некои одговори. Целата специјална операција е одговорот, изјави тој.

Песков додаде дека вооружените сили на Русија ги имаат сите потребни средства за продолжување на СВО.

– Што се однесува до руските вооружени сили, тие имаат цел арсенал од сите потребни средства за продолжување на специјалната операција – нагласи Песков.

Да потсетиме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден и британскиот премиер Кир Стармер во петок би можеле да донесат одлука да му дозволат на Киев да ја таргетира руската територија со оружје со долг дострел.

Британски „Телеграф“ денеска, повикувајќи се на владини извори во Лондон, објави дека Џозеф Бајден оваа недела може да му дозволи на Киев да ги користи британските ракети „Сторм сенка“ за напади длабоко на руска територија.

Потребна е американска дозвола бидејќи тие ракети се користат заедно со американските системи, пишува весникот, без да прецизира кои системи. Извори велат дека се уште не е донесена конечна одлука.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров претходно изјави дека дискусиите за употребата на ракетите „Олуја сенка“ за удари длабоко на руска територија си играат со оган.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни