Доаѓањето на Светлана Цеца Ражнатовиќ во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ беше дочекано со воодушевување, а многумина се убедени дека токму таа е вистинското освежување на овој натпревар во пеење.
Имено, неодамна пејачката воодушеви жена од публиката и и подари торба, а се чини дека истото продолжува и во наредниот период.
Но, што прави Цеца кога ќе се исклучат камерите?
Таа го искористи времето за пауза за да се опушти, но сепак не одби неколку девојки кои сакаа да се фотографираат со неа.
Редот се повеќе се зголемуваше, а се чини сите погледи на публиката беа насочени токму кон неа.
