Ќе го почувствуваат ли граѓаните бенефитот од најавениот економски раст на владата, ќе се приклучи ли државата на НАТО , дали Груевски ќе биде екстрадиран во земјава. Ова се дел од прашањата кои ги мачат граѓаните. Затоа решевме да ги разрешиме дилемите барајќи одговор астрологот Симеон Атанасовски.
„Април месец ќе биде доста напнат генерално околу 4-ти април , во зависност од тие информации што ќе доаѓаат надвор од Македонија и во сама Македонија може да биде и потежок период“, вели Симеон Атанасовски – астролог.
„Ова прашање со НАТО доколку не биде затворено во јулскиот период, многу посериозни закани го очекуваат Балканот“, вели Атанасовски.
Според астрологот под 3, 5% е лошо водена економија. Јануари е клучен за економијата и 3 февруари од кои зависат економките потенцијали. Ова се дел од одговорите во инетрвјуто за тв21 на астрологот Симеон Атанасовски кои се резултат на неговата професионална анализа која ја правеше подолг период.
РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА
