Македонија

Што вети, а што сработи Богоев во Општина Карпош?

Мерки против загадувањето, стоп за градежната мафија и ревидирање на деталните урбанистички планови, изградба на Дом за стари лица во Злокуќани,  три базени за рекреација до 2021-ва, нов спортски центар „Лепенц“ во Бардовци, Старт ап бизнис центар за млади, ревонирање на спортската сала „Партизан“ до 2021 се дел од ветувањата на градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.

-Карпошани се загушени им недостасува воздух, здрав и чист затоа што ни ја одземаа здравата и достојна животна околина, ни ги збришаа парковите и игралишатата и од зелен градска оаза направија бетонски монтрум заради профитите на урбаната мафија. Доста е од лаги и профитери коишто ја краадат иднинаат на нашите деца и животот на Карпошани. Ќе го заштитеиме зеленилото, направиме  голем парк на кејот кај Карпош 4. Ќе направиме зелени скверови на повеќе места во општината.

Засадување околу 600 садници минатата година и околу 500 до крајот на годинава, озеленување на површини,  субвенции за велосипеди, зачестени контроли на загадувачите и разбивање депонии де дел од мерките кои ги превзела општина Карпош.

-Во неколку акции запленивме поголеми количества на гуми, коишто бевме информирани дека се користат за загревање, несовесни граѓани ги палат и го загадуваат воздухот. Разбивме неколку депонии по кејот на реката Вардар, особено големата депонија кај мостот Газела.

На територија на општина Карпош има индустриска зона кај Момин Поток, таму има редовни контроли, поради пријави за наводно топење олово, но градоначалникот вели дека е во границите на дозволеното , не е како кај Железара.

Поголем дел од проектите се почнати, а не се реализирани. Екопаркинзите треба да бидат готови до крајот на годината, а се уште не се почнати. За паркот во Карпош 4 готово е само едејното решение, а треба да биде готов до крајот на годинава. Во подготвителна фаза е теренот за изградба на базен во ООУ „Јан Амос Коменски“, другите два ветени до крајот на мандатот вели Богоев. Спортскиот центар „Лепенец“ е започнат, а „Партизан“  би требало да се реновира во соработка со француската амбасада. Старт ап бизнис центарот ќе се наоѓаа во бараките во кои се просториите на општината , а општината ќе се сели кај мостот Влајко. Дом за стари лица во Злокуќани  се уштеб нее започнат, а беше ветено да биде готов до 2020-та година. Спорните ДУП биле ревидирани. „Мој Карпош –Моја картичка“ е изненадувањето на сите Карпошани кои ќе можат да ја користата во догледно време и ќе им заштеди од домашниот буџет која требаше да функционира до крајот на 2018-та.

Граѓаните кои ги анкетиравме по случаен избор со поделени мислење за работата на градоначалникот:

-Не знам на што е тој градоначалник. А на Карпош оној младиот да. Да ви кажам искрено јас сум поодалечена покрај Вардар живеам така да не можам во целина да кажам што се случува во Карпош1,2,3,4,. До сега ништо не е направено од негова страна во таа наша мала населба, веќе четврта зграда се гради по ред. Мака мачиме со патот. Правеа фекална канализација, не знам акко го изработија тоа меѓутоа шахтите се повисоки од асфалотот.

-Добро е задоволен сум, работи.

-Колку што гледам на телевизија работи.

– Делумно задоволен. Глобално тера , а локално слабо.

Општина Карпош наследила долг од 17 милиони евра, а од Владата добила 4 милиони евра. Поради не доаѓање на работно место и немање соодветна квалифилација 110 административци се отпуштени, а примени се 20 луѓе за одржуање хигиена.

РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни