Експертите велат дека нашите соништа се допир со нашата потсвест. Има луѓе кои воопшто не се сеќаваат што сонувале, па дури и мислат дека немаат соништа.
Психијатарот и психотерапевт Владета Јеротиќ еднаш објасни што може да биде причината поради која луѓето забораваат што сонувале.
„Луѓето кои ги забораваат своите соништа, не сакаат да се спознаат себеси, јас сум зборувал за тоа повеќе од еднаш. Всушност, тоа значи дека не сакаат да се сретнат со негативното јас. Не е добро кога луѓето велат дека не се сеќаваат на соништата, а има и такви кои велат дека воопшто не сонуваат“, рече тој.
Нема луѓе кои не сонуваат, тоа науката го докажала. Човек сонува секоја вечер и не мора да се сеќава на се, а обично тие утрински соништа се паметат. Не е добро да поминат еден месец, два-три, а да не се сетите на некој од вашите соништа. Тоа би било како избегнување да препознае некој негативен дел во себе.
Дејдре Барет, професор по психологија на Харвард и автор на книга за квалитетен сон и сонување, истакна дека соништата се јавуваат откако ќе влеземе во РЕМ фазата на спиењето, пренесува Klix.ba.
„Луѓето склони кон аналитички поглед на светот и размислување почесто се сеќаваат на своите соништа, за разлика од оние кои се фокусирани на целта на нешто. Ако се разбудите на крајот од РЕМ фазата, кога телото само се подготвува за другите фази на спиење, најмногу ќе се сеќавате на вашите соништа“, додаде таа.
