Свет

Што знаеме за новата омикронска мутација

Нова мутација во видот омикрон на коронавирус, „наследник“ на претходниот, високо заразен „скришум омикрон“, брзо се прошири во Соединетите Држави и е откриена во најмалку 13 други земји, според Асошиејтед прес.

Варијантата BA.2.12.1 беше одговорна за 29 проценти од новите инфекции на национално ниво минатата недела, според податоците објавени од Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) во вторникот, и предизвика 58 проценти од пријавените инфекции во регионот на Њујорк.

Научниците велат дека новиот, мутиран вирус се шири уште побрзо од скришум омикроните.

Научниците се обидуваат да откријат аспекти на BA.2.12.1, вклучително и дали вакцините се ефикасни против него како и во претходните варијанти на вирусот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни