Шуманска-Митева: СДСМ останува посветен на грижата на земјоделците

Пратеничката од СДСМ Славија Шуманска – Митева, денеска на прес-конференција ја истакна грижата на партијата за земјоделците, и ги најави идните мерки кои ќе бидат применети кај земјоделците.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија останува посветен на грижата за земјоделците, обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и развој на земјоделството.

Се вчитува...

Во таа насока, предлог Буџетот за 2019 година подготвен од Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците и силна поддршка за земјоделството.

Земјоделците добиваат 10.5 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Најголем дел од овие средства, 8.5 милијарди денари, се за директна финансиска помош на земјоделците.

Земјоделците добиваат над 6,6 милијарди денари за целосна, навремена и неселективна исплата на субвенциите.

За мерките од Програмата за рурален развој во 2019 од Буџетот земјоделците добиваат 1,7 милијарди денари, односно, 148 милиони денари повеќе отколку за оваа година. Во наредната година, година за првпат во историјата ќе се реализира и мерка „зелена нафта“ којашто ја ветивме пред земјоделците. Тоа ќе значи поддршка на земјоделските стопанства од 30% при набавка на гориво за земјоделска механизација, со што ќе се намалат трошоците за производство“, изјави Шуманска – Митева.

Извор: ТВ21