Свет

Шумски пожар во Каталонија: Огнот стигна до куќите, изгореа околу 2.200 хектари земјиште

Шумски пожар во Каталонија: Огнот стигна до куќите, изгореа околу 2.200 хектари земјиште

Шумскиот пожар што избувна во областа Ла Бисбал д’Емпорда во Каталонија стигна до првите станбени објекти, при што целосно изгоре една куќа, а огнот зафати околу 2.200 хектари земјиште, соопштија денеска локалните власти и противпожарните служби.

Пожарот ги зафати подрачјата на општините Круил, Монел и Сант Садурни де л’Еура, Санта Кристина д’Аро, Калонж и Сант Антони, пренесува „Ла Сиутат“.

Најголема материјална штета е регистрирана во населбата Ле Кабањес, каде што целосно изгорела една ненаселена куќа, додека уште десетина објекти се оштетени откако огнот се проширил и на нивните парцели.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни