Свет

Шумски пожари беснеат на југозападот на Франција, евакуирани повеќе од 10.000 луѓе

Шумски пожари беснеат на југозападот на Франција, евакуирани повеќе од 10.000 луѓе

Повеќе од 10.000 луѓе беа евакуирани во текот на ноќта на југозападот на Франција, откако пожар што брзо се ширел зафатил околу 2.000 хектари земјиште западно од градот Бордо, соопштија локалните власти.

Податоците покажуваат дека шумските пожари во Европа годинава веќе зафатиле поголема површина отколку што изнесува годишниот просек во последните две децении.

Континентот, кој се загрева најбрзо во светот, оваа година беше погоден од три речиси последователни топлотни бранови. Околу 500 пожарникари се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар, соопшти префектурата. Засега нема информации за повредени лица.

Шумскиот пожар избувнал во близина на заливот Аркашон, популарен туристички регион, а голем дел од евакуираните се туристи кои престојувале во кампови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни