Надлежните во затворот „Шутка“ во Скопје денеска го извести Основниот Суд Скопје 1, дека Никола Груевски не се јавил доброволно на одлежување на затворската казна од две години, која требаше да почне да ја издржува во четвртокот на 8. ноември.
Законската процедура вели дека ова е процедурата по која сега Кривичниот суд може да распише потерница по Груевски и да го приведе и однесе во затворот на одлежување на казната затвор, која му беше изречена во случајот „Тенк“.
Денеска треба да се направи и последниот обид на Груевски да му се врачи решението од Судот дека сите негови жалби се одбиени, и дека мора доброволно да се јави во затворот во „Шутка“.
Екс премиерот треба да се појави во Судот за предметот „Титаник“, но според последните информации тој нема да се појави на судењето. Исто така Груевски го нема и последните три дена во Собранието каде што ја извршува функцијата на пратеник, а не му беше одземен пратеничкиот имунитет откако пратениците во Собранието не изгласаа негово одземање на мандатот.
