Швајцарија ја има најмалата монета на светот, а истата има вредност од четвртина швајцарски франк.
На монетата стои слика од најпознатата поза на Алберт Ајнштајн каде што тој се плази.
Според државната ковачница за пари Свисминт, паричката од 2,96 милиметра и тешка 0,063 грама, е најмала на светот, а се направени само 999 парички.
Направените парички ќе се продаваат за 199 франци со посебна лупа.
