Шварценегер ги навреди Американците и остана без спонзор поради тоа

Арнолд Шварценегер неодамна упати остра критика кон противниците на носењето маски, а тоа го чинеше загуба на голем корпоративен спонзор на претстојниот натпревар во бодибилдинг – „Арнолд класик“.

Овој настанот е закажан за следниот месец и ќе се одржи во Охајо.

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија претходно во интервју за Си-Ен-Ен ги нарече луѓето, кои не сакаат да носат заштитни маски, глупави притоа, додавајќи: „По ѓаволите со вашата слобода“.

Компанијата за спортска опрема, „Редкон 1“ кусо потоа објави дека веќе нема да го спонзорира натпреварот за бодибилдинг на Шварценегер поради „опасните и антиамерикански“ забелешки на актерот.

„Со голема тага објавуваме дека ’Редкон 1‘ одлучи да ја прекине секоја поддршка за ’Арнолд класик‘ и други настани поврзани со Арнолд низ целиот свет“, напиша основачот на фирмата, Арон Сингерман, на Инстаграм.

„Редкон 1“ го спонзорираше „Арнолд класик“ речиси десет години, а Сингерман посочи дека неговата компанија е „патриотски бренд“ што поддржува „слобода на избор“.

Сингерман вели дека некој што вели ’По ѓаволите со вашата слобода‘ – не е американски патриот!.