Си Џинпинг пристигна во Белград – РТС го прекина и емитувањето на Евровизија

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Белград, каде што ќе престојува во рамките на официјалната дводневна посета на Србија, на 7 и 8 мај.

Кинескиот лидер е пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а по повод оваа важна посета се е организирано на највисоко ниво.

Заедно со претседателот Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Си Џинпинг на црвениот тепих е пречекан од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, поранешниот претседател Томислав Николиќ и неговата сопруга, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со неговата сопруга.

По овој повод, државната телевизија во Србија, РТС вечерва го прекина директниот пренос на Евровизија.

По прекинот веднаш започна дирекен пренос од аеродромот „Никола Тесла“ каде со фолклорен ансамбл беше дочекан Си Џипинг.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното