Сијамски близначки имаа многу малку шанси за да преживеат, но ги раздвоија со операција – еве како денес живеат

Иако поминаа 20 години од нивното раѓање, тие сe уште се многу поврзани, згора на тоа, тие сe уште спијат како да се поврзани.

По нивното раѓање, операцијата за разделба во детската болница во Бирмингем траеше 16 часа. Ваква постапка досега никогаш не била спроведена никаде во светот, а ја водеше неврохирургот Тони Хокли.

И покрај фактот дека имале само пет до 25 проценти шанси да преживеат и ризикот од парализа, нивните родители одлучиле да ги оперираат.

Сестрите се согласија дека разделбата беше добра одлука, бидејќи им овозможи да водат индивидуален живот. Сепак, тие открија дека се уште се многу блиски.

Тие моментално се во втора година на студирање и имаат уште една сестра.

„Понекогаш спиеме во иста положба како и кога бевме поврзани“, додаде Еман.

И двајцата имаат деформитет на спина бифида, односно расцеп на ‘рбетот и слаба страна на телото, поради што имаат болки во грбот и проблеми со одење.

Имаат една нога пократка од другата, а Еман понекогаш користи инвалидска количка или патерица за одење.

И покрај здравствените проблеми, тие велат дека напредувале далеку над очекувањата на лекарите. Тоа е само чудо што тие дури и шетаа, пишува Мирор.