Македонија

Сиљановска-Давкова: ЕУ не може да биде глобален играч ако не го интегрира Западниот Балкан

Сиљановска-Давкова: ЕУ не може да биде глобален играч ако не го интегрира Западниот Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека проширувањето на Европската Унија не е само политика кон земјите кандидати, туку тест за способноста на Унијата да дејствува стратешки и да ја зајакне својата геополитичка улога.

Во обраќањето на 22. Европски самит во Салцбург, на сесијата „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“, Сиљановска-Давкова се осврна на европскиот пат на Македонија, состојбата на Западниот Балкан и потребата од реформирање на политиката на проширување.

Таа посочи дека Македонија од 35 години независност, 21 година има статус на земја кандидат за членство во ЕУ, при што, според неа, досега добила 17 позитивни извештаи за почеток на преговорите, постигнала висок степен на усогласување со европското законодавство и целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика.

Сиљановска-Давкова оцени дека земјата во процесот на евроинтеграција направила отстапки какви што, според неа, не биле барани од други европски држави.

„Ниту една европска држава на својот интегративен пат не понела толку тежок товар: го променивме државното знаме, уставното име и усвоивме 36 уставни измени, најголем дел диктирани од надвор“, рече претседателката.

Таа посочи дека условувањето на уставни промени со билатерални историски прашања отвора дилеми околу доследноста на европските принципи.

„Принудувањето на една држава да ја менува својата внатрешна правна структура за да се разреши историски спор отвора сериозно прашање за доследноста на европските принципи“, рече Сиљановска-Давкова.

Според неа, кредибилната перспектива за членство во ЕУ е клучна за стабилноста на Западниот Балкан, особено во услови на зголемени геополитички тензии и влијание на други меѓународни актери.

Претседателката оцени дека постои противречност меѓу амбицијата на ЕУ за поголемо глобално влијание и долготрајниот процес на интегрирање на Западниот Балкан.

„Додека со понудите за асоцијативно членство за прекуокеански држави Унијата декларира амбиција за глобална моќ, со одлагањето на сопственото проширување таа практично демонстрира немоќ“, рече таа.

Сиљановска-Давкова посочи дека процесот на проширување сè почесто станува предмет на билатерални спорови кои, според неа, не се дел од Копенхагенските критериуми.

„Кога напредокот не зависи од самите реформи, процесот ја губи својата кредибилност. Тоа веќе не е само проблем на кандидатите, туку институционален проблем за самата ЕУ“, порача претседателката.

Во обраќањето таа издвои три промени за кои смета дека се неопходни во идниот модел на проширување.

Според Сиљановска-Давкова, најпрво треба да се заштити принципот на напредување според заслуги, така што земја што ги исполнува критериумите да не може да биде блокирана поради прашања кои не се дел од европските услови.

Втората промена, според неа, треба да гарантира дека идното членство нема да создаде трајна поделба на земји од „прв и втор ред“, додека евентуалните заштитни механизми треба да бидат објективни, пропорционални и временски ограничени.

Како трет елемент ја посочи постепената интеграција на земјите кандидати во одредени европски политики и сектори пред полноправното членство, но нагласи дека таквиот модел треба да биде чекор кон членство, а не негова трајна замена.

„Ако сака поголема геополитичка тежина, Европа мора да биде похрабра и поконз

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни