4NEWS.mk Свет

Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди грчкиот остров Евбеја

Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди грчкиот остров Евбеја

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран пред малку на грчкиот остров Евбеја, соопшти грчкиот институт за геодинамика, цитиран од ТВ Скај.

Земјотресот, кој се случи во 08:26 часот по локално (и по бугарско) време, со епицентар на 9 километри источно од селото Прокопи. Длабочината на неговиот фокус се проценува на 5 километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни