Свет

Силен земјотрес предизвика евакуации во Колумбија

Силен земјотрес предизвика евакуации во Колумбија

Во западна Колумбија беше регистриран силен земјотрес со јачина од 7,4 степени, соопшти Геолошката служба на Соединетите Држави (УСГС), а потресите се почувствуваа во повеќе градови низ земјата.

Епицентарот бил во областа Сан Хосе дел Палмар, во департманот Чоко, околу 280 километри западно од Богота, на длабочина од 107 километри. Земјотресот бил забележан во 7:34 часот по локално време (8:34 часот по време во Мајами), наведоа од УСГС.

Гувернерката на северозападниот департман Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврди дека во регионалниот центар Кибдо „има повредени лица и сериозни оштетувања на објекти“ и изрази загриженост поради можни последователни потреси.

Во главниот град, потресот силно се почувствува, се огласија алармите, а многумина превентивно ги напуштија зградите и излегоа на улица. „Во моментов нема извештаи за повредени или за структурни оштетувања; регистрирани се само пукнатини на поединечни објекти“, напиша градоначалникот на Богота, Карлос Галан, на „Икс“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни