Свет

Силен земјотрес во Чиле

Силен земјотрес во Чиле

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди денеска регионот Тарапака во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 92 километри, со епицентар на 81 километар северно од градот Икике, соопшти EMSC на својата веб-страница.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни