Свет

Силен земјотрес во Јапонија: Три лица повредени, нема ни струја!

Силен земјотрес во Јапонија: Три лица повредени, нема ни струја!

Силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени го погоди брегот на североисточна Јапонија во вторник, при што беа повредени три лица, едно во префектурата Аомори кога се сруши пат и две во Хокаидо поради одрони, соопшти локалната самоуправа.

Најмалку 2.700 домаќинства останаа без електрична енергија во префектурата Аомори, каде што избувнаа два пожара, објави Кјодо.

По првиот силен потрес, имаше шест потреси, од кои два беа посилни – 5,6 и 4,7, а останатите беа под 4,0 степени според Рихтеровата скала.

Официјално беше издадено предупредување за цунами за Хокаидо, Аомори и Ивате, со можни бранови високи до три метри.

Првото цунами беше регистрирано во префектурата Ивате на висина од 70 сантиметри, пред да биде регистрирано цунами од 50 сантиметри во Хокаидо, а Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека повисоко цунами подоцна може да го достигне североисточниот брег.

Епицентарот на првиот земјотрес беше на околу 84 километри од Хачинохе во североисточниот регион на Хокаидо.

Земјотресот се случи на длабочина од 50 километри

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни