Свет

Силен земјотрес во Мароко, најмалку 632 загинати!

Силен земјотрес во Мароко, најмалку 632 загинати!

Расте бројот на загинати во земјотресот во Мароко. Сега ги има најмалку 632. Податоците за жртвите се од мароканското Министерство за внатрешни работи. Пријавени се и 329 повредени.

Од повредените, 51 се во критична состојба, соопшти Министерството по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди 72 километри југозападно од туристичкиот град Маракеш.

Претставник на мароканските власти изјави дека најголем дел од смртните случаи се во планински области, до кои е тешко пристапен.

Мароканското Министерство за внатрешни работи повика на смиреност.

Тоа е најсмртоносниот земјотрес во Мароко од 2004 година, кога во земјотрес загинаа повеќе од 600 луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни